Симов: Силекс не заврши со засилувањата за сезонава

Силекс продолжува со одличните резултати во ПМФЛ и сезонава, откако минатата тимот од Кратово успеа да го освои второто место и да се пласира во квалификациите за Лигата на шампионите. Тренерот Горан Симов  вели дека ќе има сигурно уште едно засилување до крајот на преодниот рок како би се засилил средниот ред.

„Силекс до крајот на преодниот рок ќе мора да се земе уште еден фудбалер во средниот ред бидејќи Виктор Серафимовски не може да игра буквално секој натпревар. Ќе мора да дојде уште еден, но не се знае дали ќе биде странец или домашен фудбалер. Разговараме со тројца фудбалери од Србија кои се подготвени да дојдат во Кратово, но мора да почекаме 15 дена за нивната одлука бидејќи имаат понуди и од странство. Сепак, Силек како тим нема толку време, па затоа најверојатно тимот ќе го затвориме со домашно засилување“, вели Симов. 

Кратовци в понеделник го очекуваат ждребот за второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Симов посакува да се избегнат фаворитте и да се добие некој од противниците против кои може да се игра.

„Посакувам да се избегнат тимовите кои што се фаворити во ова квалификациско коло. Не би сакал да играме против Слован Братислава, Астана, Рејкјавик или Динамо Тбилиси. Против останатите тимови Силекс може да игра егал. Ние ќе дадеме максимум било кој и да е противник“, дополнува Симов. 

Ждрепката за второто квалификациско коло во Лигата на Европа е закажана за утре од 13 часот, а покрај Силекс своите противници ќе ги дознаат и Шкендија и Ренова.

Се вчитува...