Симов: Силекс одработи одлични подготовки, против Шкендија на позитивен резултат

Фудбалерите на Силекс ќе имаат тешка задача во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. На домашен терен во недела, во одложеното стартно коло од пролетната сезона. ќе го пречекаат лидерот на табелата, тетовска Шкендија. Тренерот на кратовци, Горан Симов е задоволен од подготовките кои тимот ги имаше во Анталија.

„Задоволен сум од тоа како ги поминавме подготовките. Задоволен сум од играчите и очекувам добри настапи во пролетниот дел од сезоната. Ја пречекуваме Шкендија, тим кој дефинитивно е најквалитетен во домашниот шампионат. Очекувам тежок натпревар, но сигурен сум дека моите фудбалери ќе дадат се за да успеат да извлечат поволен резултат. Одиме чекор по чекор и во овој дел од сезоната“, изјави Симов. 

Натпреварот кој ќе се игра во Кратово е закажан за в недела од 14 часот.

Се вчитува...