Силекс со засилувањата Ѓоргиев и Спиркоски ги стартуваше подготовките

Силекс ги стартуваше подготовките за новата фудбалска сезона во Македонија. Тренерот на кратовци, Горан Симов на првиот собир на располагање имаше 15 фудбалери, меѓу кои и двете засилувања за новата сезона, офанзивецот Пепи Ѓоргиев од Брегалница и досегашниот фудбалер од средниот ред на Лабуништа, Бојан Спиркоски.

„Денеска почнавме со подготовки во Кратово. На располагање имаме на првиот тренинг 15 фудбалери. Од првиот момент со нас ќе бидат и двете засилувања на клубот Пепи Ѓоргиев и 25-годишниот Бојан Спиркоски. Српскиот интернационалец Милош Жеравица е во Македонија и веднаш му се приклучи на клубот. Сите направивме тестови и ниту еден од нас не е позитивен што беше клуч за старт на подготовките. Останатите наши фудбалери од Србија направија тестови за Ковид-19 во нивната земја и се очекува наредниве денови да пристигнат во Македонија и да се приклучат на тимот“, изјави Симов. 

Силекс минатата сезона во домашниот шампион беше најпријатното изненадување. Кратовци сезоната која што заврши без прогласување на шампион ја завршија на втората позиција на првенствената табела, очекувајќи ги настапите и на европската сцена ова лето.

Се вчитува...