Симов: Срамно судење на Јосип Бартон, Силекс не заслужи да загуби во Струмица

Академија Пандев го совлада Силекс со 1-0 во 7. коло во Првата македонска фудбалска лига. Победничкиот гол за струмичани го постигна Кире Маркоски во 90. минута од пенал. Тренерот на кратовци Горан Симов вели дека срамното судење на Јосип Бартон го одлучило мечот во Струмица.

„Срамно судење на Јосип Бартон. Навистина не ми се верува дека тоа го судеше пенал. Срамота. Тоа беше чист фаул во напад. Натпреварот најреално требаше да заврши нерешено. Не заслуживме ниту ние да победиме, бидејќи беше тврд натпревар без многу шанси. Срамота е што судијата со смешен пенал го реши натпреварот“, ни изјави Симов. 

По завршување на мечот тренерот на кратовци е исклучен поради недолично однесување и пцовки кон судиската четворка. Симов вели дека ниту во еден момент не го навредил главниот судија.

„По мечот дознав дека сум исклучен. Јас во ниту еден момент не го навредив главниот судија на мечот. Навистина срамота е што се се случи во Струмица“, додава Симов. 

Силекс во следното коло го очекува нов тежок натпревар бидејќи му гостува на лидерот Шкендија во Тетово.

Се вчитува...