Синдикатот на фудбалери ќе помогне во тестирањето за коронавирус во ПМФЛ

Синдикатот на фудбалери на Македонија во координација со клубовите од Првата македонска фудбалска лига ќе организира тестирање на сите фудбалери тренери и стручни штабови кои доброволно ќе сакаат да се тестираат за коронавирус.

Во соопштението на синдикатот стои дека на располагање ќе биде мобилна екипа која ќе изврши тестирање пред почнување на тренинзите на клубовите во ПМФЛ. Во моментов СФМ е во можност за организирање на едно тестирање и се надева дека во следниот период ќе бидат во можност да извршат три тестирања како што е пракса во европските земји.

 

Се вчитува...