Синер го победи Медведев и ќе игра во финалето во Мајами

Перфектен меч на третиот рекет на светот, Јаник Синер кој стана првиот финалист на Мастерсот во Мајами, откако го совлада Данил Медведев со 6-1 и 6-2. Дека одигра одлично, покажува фактот дека му препушти само три гема.

За Синер ова беше петта победа по ред над Медведев, и му „лежи“ овој противник. Ова беше 21. победа за Синер во оваа сезона, со само еден пораз.

Синер во финалето ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Григор Димитров и Александар Зверев.

Се вчитува...