Синер го прегази Бугаринот Димитров за титула во Мајами (ВИДЕО)

Феноменалниот Јаник Синер одигра извонредно финале прегазувајќи го Бугаринот Григор Димитров во два сета за титула на АТП Мастерсот во Мајами.

Италијанскиот тенисер по само еден час и десет минути игра го доби финалето, славејќи со 6-3 и 6-1 против Димитров кој немаше апсолутно никаква шанса против расположениот Синер.

По овој трофеј, Синер ќе стане првиот Италијанец кој ќе се најде во Топ 2 на АТП листата од 1973 година, кога истата е почната да се води во светот на тенисот.

Се вчитува...