Првите носители Јаник Синер и Арина Сабаленка забележаа рутински победи во второто коло од Вимблдон, продолжувајќи го атакот на трофеите на најпрестижниот тениски турнир во светот.
Синер се мачеше во првото коло, но денеска во втората рунда тој немаше поголеми проблеми во пресметката со Боргеш од Португалија, совладувајќи го со 7-6, 7-6, 6-4. Италијанскиот ас не би требало да има преголеми проблеми ниту во третата рунда, каде го очекува дуел со Американецот Бруксби.
Сабаленка денеска за противничка ја имаше Кеслер од САД, првата носителка славеше со 6-1 во првиот сет, а супердраматично беше во вториот сет што фаворитката по голема борба го доби во тајбрејк со 11-9. Нејзина ривалка во следната рунда ќе биде Остапенко.
Наоми Осака го продолжи настапот на Вимблдон со победата од 2-0 над Гасанова, додека Мучова полесно од очекувањата, со 6-3, 6-2 славеше над Женг од Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
