Синер мина уште една пречка на Вимблдон

Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако првиот носител рутински ја одработе задачата против Јапонецот Шинтаро Мочизуки, совладувајќи го со максимални 3-0 во сетови.

Синер тргна доминантно од самиот почеток, славејќи со 6-1 во првиот сет, а јапонскиот тенисер парираше само во вториот сет, во кој стигна до тајбрејк. Сепак, фаворитот одигра моќно во овој дел славејќи со 7-0, потоа отвори со брејк и во третиот сет и славеше со конечни 6-3.

Следен противник на Синер ќе биде Германецот Штруф, кој славеше во денешното осминафинале со Хуркаш. Штруф имаше негатива од 0-2 во сетови, стигна до 2-2, а потоа кон средината на решавачкиот сет Хуркаш го предаде мечот, па германскиот тенисер ќе го предизвика Синер во претстојното четвртфинале.

Се вчитува...