Италијанскиот тенисер Јаник Синер наскоро би требало повторно да се врати на терените.
Првиот тенисер на АТП ранг-листата, последниот меч го одигра на Вимблдон каде што ја освои титулата откако во финалето беше подобар од Александар Зверев.
Потоа поради проблеми со коленото, Синер ги пропушти мастерс турнирите кои се играа во САД и Канада, како и последниот годинешен грендслем турнир, УС Опен.
Тој паузата освен за рехабилитација по повредата, ја користи да присуствува на спортски настани во Италија, па вчера беше забележан во Монца за време на трката за Големата награда на Италија во Ф1 шампионат. Синер беше за здравствената состојба и неговиот одговор ги воодушеви фановите.
„Коленото? Сè е во ред со него“.
Според италијанските медиуми, кам-бекот на Синер на тениските терени се очекува да биде на крајот од месецов, односно 30 септември кога започнува мастерсот во Пекинг и за кој Италијанецот е пријавен за настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
