Синер не застанува – Доминантно до полуфинале во Индијан Велс

Јаник Синер се пласираше во полуфиналето во Индијан Велс откако славеше против Чехот Јиржи Лехечка во два сета, со 6-3 и 6-2.

Синер продолжи со доминантните партии во калифорниската пустина и без никакви проблеми дојде до победата по само 88 минути игра.

Во битката за финале го чека победникот од мечот меѓу Карлос Алкараз и Александер Зверев.

Се вчитува...