Во екот на протестите на тенисерите поради малите заработки на гранд-слем турнирите, се чини дека следи и друг вид бојкот.
Професионалните тенисери се многу незадоволни што четирите гранд-слем турнири остваруваат огромни приходи, а само мал дел од нив завршува во наградниот фонд за играчите. Тие отворено ги критикуваат организаторите и веќе размислуваат за начини како да ги бојкотираат.
На „Ролан Гарос“, барањата на тенисерите останаа без одговор. На тој турнир тие главно протестираа преку скратување на прес-конференциите, задржувајќи се пред новинарите не подолго од 15 минути.
„Недозволиво е што веќе повеќе од една година немаме никаков одговор. Играчите се обединети и ќе видиме што понатаму“, изјави Јаник Синер.
Италијанецот е еден од предводниците на протестот, заедно со Арина Сабаленка и Џесика Пегула. Тие би можеле да ја бојкотираат целата недела од 23 до 29 август, која на УС Опен е позната како „Недела на навивачите“. Дел од таа недела е и турнирот во мешани двојки, кој е многу популарен во САД. Тој формат привлекува врвни играчи, па евентуалниот бојкот би претставувал сериозен удар за турнирот и неговата заработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
