Синер: Полн сум со самодоверба, но се може да се промени за два дена

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја продолжи победничката низа во новата сезона забележувајќи го 13 триумф во 2024 година по средбата со Германецот Јан Шруф за место во осминафиналето од мастерсот Индијан Велс.

Третиот тенисер на светот до победа стигна по само час и 14 минути игра, а и покрај фантастичната форма останува внимателен за предизвиците кои следат.

„Не сум непобедлив, само сум добро подготвен. Работа многу напорно со цел да бидам во оваа позиција. Имам самодоверба, но тоа може брзо да тргне во погрешен правец. Се надевам дека ќе ја продолжам серијата колку што е можно, но и се може да се заврши за два дена. Моите ривали сега подобро ме познаваат“, изјави Синер.

Се вчитува...