Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, испиша историја со својот триумф на Вимблдон. Во финалето, Синер го совлада Саша Зверев со 3-1 и на тој начин ја одбрани титулата во Лондон.
Тој стана четвртиот играч од воведувањето на АТП-листата (1973 година) кој го освоил Вимблдон како светски број еден две години по ред. Досега тоа им успеало само на Пит Сампрас, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Јаник сега има пет гранд-слем титули, исто колку што имаат сите Италијанци и Италијанки заедно. Тој исто така стана седмиот најмлад играч во Опен ерата со 100 победи на гранд-слем турнирите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
