Јаник Синер многу потешко од очекувањата славеше на првиот меч на Вимблдон совладувајќи го Кецмановиќ со 3-2 во сетови, а во фокусот на јавноста беше десната патика на првиот носител.
Кон половина од мечот беше забележлив крв на патиката, а како што одминуваше времето, така и флеките стануваа се поголеми. Синер по победата ја прокоментира и оваа ситуација.
„Да бидам искрен, изненаден сум што воопшто ми дозволија да продолжам бидејќи мојата бела опрема беше се поцрвена и поцрвена. Добро сум, искрено изгледаше многу полошо отколку што навистина беше. Станува збор за ноктот, не сакав да го прекинувам ритамот, ниту мојот ниту на Кецмановиќ бидејќи во тие моменти и двајцат абевме во налет. Ова беше одличен меч од двете страни, па не сакав да трошам време надвор од теренот. Ви благодарам на прашањето, но се е во ред“, истакна Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
