Синер загуби сет, но успеа да се пласира во осминафиналето во Мајами

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Јаник Синер успеа да се пласира во осминафиналето на вториот АТП мастерс 1000 турнир во сезоната, во Мајами.

Италијанецот во 3. коло од турнирот на Флорида славеше над Холанѓанецот, Талон Грикспор со 2-1, по сетови 5-7, 7-5 и 6-1.

Во осминафиналето Синер за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу домашната надеж Дам и Австралиецот, O’Конел.

На женскиот дел од турнирот во дербито на денот Французинката, Каролин Гарсија славеше над четирикратната гранд-слем шампионка Наоми Осака со 2-0 (7-6 и 7-5).

Се вчитува...