Синиша Михајловиќ е тренер на месец април во Серија А

Сред борбата со болест Синиша Михајловиќ е прогласен за најдобар тренер на Серија А за месец април. Месец во кој неговата Болоња имаше низа од шест натпревари едно по друго во кои не беше поразена.

Истата започна со реми против Милан без голови, потоа победа над Сампдорија, нерешени средби со Јувентус и Удинезе, а потоа и победа над Интер. Со тоа Болоња остана непоразена против тимовите од горниот дел од табелата.

Се вчитува...