Синиша Михајловиќ ќе добие своја трибина на „Маракана“

Екипата на Црвена звезда пред мечот на домашен терен против Војводина кој ќе се игра во сабота планира да му оддаде почит на Синиша Михајловиќ, кој ја загуби битката со леукемијата кон крајот на минатата година.

Легендарниот фудбалер во таборот на „црвено-белите“ дојде токму од составот од Нови Сад. На првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната планирано е достојно збогување со Михајловиќ, на кое ќе присуствува и неговото семејство.

Од таборот на белградскиот клуб најавуваат дека во скоро време ќе биде донесена одлука ВИП делот на западната трибина да го добие името на Синиша Михајловиќ, со што тој вечно би останал дел од клубот за кој настапуваше една и пол сезона, но со кој освои европска и светска титула.

Се вчитува...