„Сино-бел“ дуел во „Јане Сандански“

Првата лига се враќа во етерот денеска со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Куманово во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот, натпревар во кој двата тима и покрај тоа што веќе имаат обезбедено место во разигрувањето за титула бараат победа со цел подобар пласман во плејофот.

Фаворитската улога на овој натпревар му припаѓа на домаќинот. Избраниците на Радуловиќ се наоѓаат во одлична натпреварувачка форма со четири последователни победи на домашната сцена, кои беа остварени со разноврсна игра во која „сино-белите“, по санирањето на повредите и проблемите со коронавирсусот го покажаа целиот расположлив потенцијал.

Куманово пак со победата над Црн Дрим стави крај на серијата од четири порази во низа и денеска ќе се обиде да влезе во нова победничка низа во претпоследниот дуел од регуларниот дел од првенството. Проблем за избраниците на Ѓорѓиевски може да биде натпреварувачкиот ритам со оглед на тоа што последниот дуел кумановци го одиграа пред повеќе од две недели.

Во фокусот на денешниот меч повторно ќе биде битката под обрачот каде домаќините ќе се обидат да го запрат Александар Андрејевиќ, но многу ќе значи и од Отис Ливингстон кој е најдобриот играч на Куманово оваа сезона. Аеродромци успеја во овие намери во првиот меѓусебен дуел оваа сезона и забележаа „комотна“ победа на гостувањето во „Перо Наков“.

Се вчитува...