Синот на Паоло Малдини ја продолжува семејната традиција во Милан (ВИДЕО)

Презимето Малдини има долга традиција на „Сан Сиро“ која сигурно ќе продолжи и во иднина. Ѕвездата што доаѓа е 17-годишниот Даниеле Малдини, помладиот син на Паоло Малдини, кој наскоро може да блесне во дресот на Милан како неговиот татко и дедо.

Разликата е во тоа што двете легенди на Милан од ова семејство, татко му Паоло и дедо му Чезаре Малдини беа дефанзивци, а Даниеле е напаѓач и веќе се покажува како извонреден талент.

Даниеле Малдини неодамна наполни 17 години и како член на младинскиот тим на Милан (Примавера), покажадека е мајстор за изведување слободни удари, постигнуваќи извонреден погодок во дуелот со младинскиот тим на Каљари.

Фудбалер е и постариот син на Паоло Малдини, 22-годишниот Кристијан кој моментно е на позајмица во Про Пјаченца.

Се вчитува...