Дуелот во холандската Ередивија помеѓу Телстар и Камбур кој заврши без победник 2:2, е во фокусот на јавноста поради невообичаен момент.
Херој на домашниот тим беше синот на славниот холандски фудбалер Роналд Куман, Роналд Куман јуниор кој е голман.
Телстар уште во 22-та минута остана со играч помалку поради исклулчувањето на Торисон и тоа го искористија гостите и постигнаа два гола на стартот од второто полувреме.
Ronald Koeman Jr. legt weer aan vanaf elf meter en scoort voor het tweede seizoen op rij! 🤯🧤#telcam pic.twitter.com/xhA3KvFMac
— ESPN NL (@ESPNnl) September 6, 2026
Но, домаќините не се откажуваа, напаѓаа и успеаја да се спасат од пораз благодарение на голманот Роналд Куман јуниор кој постигна два гола од пенал, првиот во 63-та минута, а вториот во 101-та минута.
RONALD KOEMAN JR. SCOORT ZIJN TWEEDE VANDAAG EN REDT EEN PUNT 🤯🔥#telcam pic.twitter.com/A3SG3QkHQb
— ESPN NL (@ESPNnl) September 6, 2026
Славниот Куман кој е еден од најдобрите холандски фудбалери во историјата, беше специјалист за пенали и слободни удари, а неговиот син со денешните два гола покажува дека оди по неговите стапки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
