Синовец: Грешките во одбраната скапо нè чинеа

Карпош соколи е победникот во македонското дерби во регионалната АБА лига. Резултатот беше неизвесен до самиот крај на натпреварот, а во последните две минути домаќините ја скршија одбраната на „металците“ и одново го свртија резултатот во своја корист и славеа со конечни 77-74.

„Сигурно е дека овој меч беше дерби на колото во лигата. Ова беше цврст натпревар во кој заслужено победија домаќините. Многу значеше победата и за двата тима, но ние направивме неколку грешки во одбраната на крајот кои многу скапо нè чинеа“ – вели Стефан Синовец.

Големиот број на загубени топки во последните неколку минути се причината за поразот, смета тренерот на „металците“ Анте Назор.

„Ние имавме свои шанси, но за жал не ги искористивме. Нашата игра не беше константна и не бевме концентрирани за што зборуваат и 17 изгубени топки како и 9 промашени пенали“ – кратко прокоментира Назор.

Се вчитува...