Сите досегашни дуели со Лихтенштајн: Осум победи и само едно реми

По поразот од Романија македонската репрезентација утре ја очекува вториот натпревар во квалификациите за СП 2022, против добро познатиот противник Лихтенштајн.

Македонија досега честопати имаше прилика да ги одмери силите со селекцијата на Лихтенштајн. Низ историјата досега сме одиграле девет натпревари во неколку различни квалификациски циклуси. Македонија е со позитивен баланс без пораз, со осум победи и еден нерешен резултат. Вкупната гол разлика е 33-5.

И највисоката македонска репрезентативна победа е запишана токму против Лихтенштајн на гостински терен, натпревар одигран на 09.11.1996 година. Победа од 1-11…

Се вчитува...