Сите му дадоа поддршка на трагичарот на Интер, само Хандановиќ го „игнорираше“

Јонут Раду, голманот на Интер можеби ќе се покаже како решавачки за титулата во Италија, особено после вчерашниот „кикс“ со кој му „подари“ победа на Болоња, и така го остави својот тим на второто место на табелата.

Романецот потона во солзи по последниот свиреж на судијата, свесен за грешката што ја направи, и сите соиграчи отидоа да му дадат поддршка, освен капитенот и неговиот соиграч Самир Хандановиќ.

Хандановиќ целосно го игнорираше Раду, во миговите кога овој не можеше да ги задржи емоциите, и само ладнокрвно помина крај него, додека другите негови соиграчи го тешеа и му даваа поддршка.

Се вчитува...