Сите натпревари во ЛШ ќе почнат со едноминутно молчење

Пред првите натпревари во Лигата на шампионите, закажани за вторник, УЕФА објави дека сите натпревари од првото коло ќе почнат со едноминутно молчење. На овој начин, Европската фудбалска федерација ќе им оддаде почит на жртвите од катастрофалните поплави што го погодија Непал на 26 август оваа година.

„Покрај едноминутното молчење, на сите натпревари ќе биде истакнат транспарент со порака за поддршка, како знак на солидарност со жртвите од катастрофалните поплави во Непал“, соопшти УЕФА на својата веб-страница.

На транспарентите ќе биде испишана едноставна порака:

„Непал, не си сам“.

„Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите оваа недела во изразувањето на нашето најдлабоко сочувство и поддршка за народот на Непал. Им посакуваме сила и издржливост во закрепнувањето од оваа голема трагедија“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Непалските власти во понеделникот објавија дека бројот на загинати во ненадејните поплави се искачил на 1.355, а се уште се водат како исчезнати 4.996 лица.

Се вчитува...