Сите стадиони во Бундеслигата повторно ќе бидат полни – првпат од почетокот на пандемијата

Стадионите во германската Бундеслига одново ќе бидат полни овој викенд, првпат откако се воведени заштитни мерки од коронавирусот.

Така дел од клубовите веќе ги распродадоа сите билети за престојните натпревари од германското првенство. Унион Берлин ги продаде сите 22.012 влезници за натпреварот со Келн, додека Борусија Дортмунд пред полни трибини ќе го дочека тимот на Лајпциг.

„Се радуваме на доаѓање на 81.365 гледачи на најубавиот стадион во Светот“, се наведува на сајтот на тимот од Дортмунд.

Во Баерн Минхен се надеваат дека стадионот од 75.000 места ќе биде полн за натпреварот со Аугсбург.

Бундеслигата ги укина сите рестриктивни мерки, според препораките на германските власти и покрај тоа што бројките на заразени и натаму се високи.

Се вчитува...