Резултатите од вчерашните тестирања за ковид-19 се негативни за целиот колектив на ФК Пелистер, информираат од битолскиот прволигаш.
Тоа значи дека сите играчи ќе му бидат на располагање на тренерот Димитар Капинковски за натпреварот во недела против екипата на Вардар во Скопје.
„Вечното дерби“ се игра в недела од 14 часот. Првиот дуел на овие две екипи, игран во октомври во Битола, заврши без победник 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА