Сите жртви во големата несреќа: Со Коби и ќерката Џана загина уште едно семејство

Како што е веќе познато, девет лица загинаа во хеликоптерската несреќа во Калифорнија во која животот го загубија НБА легендата Коби Брајант (41) и неговата 13-годишна ќерка Џана Брајант.

Тие, заедно со уште шест лица и пилотот, патувале од својата кошаркарска академија „Мамба“ кон местото Таусенд Оукс, на околу 60 километри западно од центарот на Лос Анѓелес. Поради густата магла, откако претходно направил неколку круга над градот, хеликоптерот се срушил при брзина од 300 километри на час.

Меѓу жртвите е и дел од друго семејство, бејзбол тренерот Џон Алтобели (56), неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса која заедно со Џана Брајант играле кошарка за Академијата Мамба и вчера патувале на турнир во Таусенд Оукс.

Загина и Кристина Маусер, исто така кошаркарски тренер, како и младата кошаркарка Пејтон и нејзината мајка Сара Честер, кои исто така оделе на турнирот во Таусенд. Како и пилотот Ара Зобајан.

 

Џон Алтобели минатата година беше прогласен за тренер на годината во бејзбол, во работа со помлади категории.

Се вчитува...