„Сите знаеме дека Новак немаше намера, но …“

Главниот судија на УС Опен, Сорен Фримел, тврди дека е едногласен ставот на сите членови на овој турнир дека со дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ е донесена правилна одлука, согласно со сите прописи на турнирот во Њујорк.

„Постојат два фактори – акција и резултат. Акцијата, иако немаше намера, доведе до резултат, а тоа е удирање на линиската судијка и фактот дека таа очигледно беше повредена. Тоа се суштински фактори кои се земаат во предвид при одредувањето на казната“, истакна Фримел.

Пред конечната одлука тој разговараше петнаесетина минути со првиот носител, а Фримел во изјавата за медиумите откри и детали од тој разговор.

„Неговата поента беше дека не ја удрил намерно. Рече: Да, бев бесен. Го удрив топчето. Ја погодив судијката. Фактите се јасно, но јас не сакав да го сторам тоа. Немав намера да ја погодам и затоа на треба да бидам дисквалификуван. Една работа треба да биде јасна, сите ние сме едногласни дека Ѓоковиќ не го сторил тоа намерно, но фактите беа јасни – тој ја погоди судијката и таа очигледно беше повредена. Врз основа на тие факти беше донесена одлуката за дисквалификација“, објасни главниот судија на УС Опен.

Се вчитува...