Сити без одговор за одбраната на Стоук

Манчестер сити си ги сведе на теорија шансите за шампионската титула во Премиер-лигата откако одигра само 0-0 на домашен терен против Стоук. Тоа беше меч што „граѓаните“ според сите прогнози мораа да го добијат, но избраниците на Пеп Гвардиола одиграа далеку под своите можности против цврстиот гостински тим, кој со леснотија се справуваше со домашните фудбалери.

За ваквиот резултат виновен е и самиот Гвардиола, кој повторно експериментираше со тимот, па ротираше неколку играчи оставајќи го на клупата Давид Силва. По првото безидејно полувреме Силва влезе во игра во вториот дел, „граѓаните“ почнаа да создаваат шанси, но не успеаја да го совладаат гостинскиот голман, пред се поради фактот дека севкупно за 90 минути игра само еднаш го погодија неговиот гол.

Најубавите шанси беа пропуштени во судиското продолжение, кога по два одлични центаршутеви на Де Бруин, најпрвин Ихеаначо, а потоа и Сане не се снајдоа најдобро, па Сити освои само еден наместо планираните три бода.

Се вчитува...