Сити е прв во Премиерлигата, ама „црвени ѓаволи“ царуваат во Манчестер (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед триумфираше со 0-2 во големата дерби-пресметка од 28. коло во Премиерлигата против Манчестер сити.

„Граѓаните“ се уште се со огромна предност на врвот од табелата во трката за шампионската титула, но „црвени ѓаволи“ царуваат во Манчестер.

Триуфот на Јунајтед го најави Бруно Фернандеш уште во 2. минута од пенал, а го потврди Лук Шо во 50. минута.

Манчестер сити, и по овој пораз, е со предност од 11 бода пред второпласираниот Јунајтед.

Се вчитува...