Сити го реши и Арсенал – Граѓаните се поблиску до враќање на трофејот на „Етихад“ (ВИДЕО)

Манчестер Сити го совлада Арсенал со минимални 0-1 во дерби натпреварот од 25. коло во англиската Премиер-лига. Клучниот момент на натпреварот се случи уште во втората минута кога Стерлинг биеше прецизно на асистенција на Ријад Махрез.

Со триумфот „граѓаните“ ја продолжија серијата на осумнаесет победи во низа во сите натпреварувања, а во Премиер-лигата остануваат убедливи на врвот со 59 бода, односно десет повеќе од второпласираниот Лестер. Арсенал во моментов е десетти со 34 бода.

 

 

Се вчитува...