Сити и Гвардиола го подготвуваат најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се подготвуваат да го направат најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал. Според пишувањата на медиумите во Англија, „граѓаните“ се подготвени на Астон Вила да и платат 120 милиони фунти за Џек Грилиш, со што тој би станал најскапиот фудбалер во историјата на оваа земја.

Тимот од Бирмингем претходно издаде соопштение во кое наведе дека нема да го пуштат Грилиш за сума помала од 100 милиони фунти, но по се изгледа дека тоа нема да е проблем за Сити бидејќи се подготвени да платат и 20 милиони повеќе од тоа.

Грилиш беше голема желба на Манчестер Јунајтед, но тимот од „Олд Трафорд“ наводно не сака да плати повеќе од 70 милиони фунти.

Се вчитува...