Сити ја намали понудата – 200 милиони евра помалку за Меси

Манчестер Сити останува еден од најсериозните конкуренти во трката по Лионел Меси, но шансите на „граѓаните“ за ангажман на Аргентинецот значително се намалија откако тие ја спуштија понудата за асот на Барселона за неверојатни 200 милиони евра.

Меси минатото лето побара раскин на договорот со Барселона, а на маса имаше понуда од Манчестер Сити за вкупни 700 милиони евра за наредните пет години. Според овој договор, Аргентинецот требаше да ги мине наредните три години во дресот на „граѓаните“, а потоа последните две години да ги одработи како член на Њујорк Сити во МЛС-лигата, клуб што е сопственост на истите газди како и премиерлигашот од Манчестер.

Сепак, финансиската криза го стори своето, па ниту пребогатите Катарци немаат неограничени ресурси. Поради тоа, Меси ја добил понудата за истите пет години, но за 200 милиони евра помала плата од онаа што ќе ја добиеше доколку лани се преселеше во Сити.

Вкупните 500 милиони евра секако се извонредна сума за играч кој се приближува до залезот на кариерата, па интересно ќе биде да се види дали Меси ќе ги прифати, или ќе ја искористи оваа понуда за да добие уште повисока сума од ПСЖ, уште еден богат клуб што не жали пари за да го доведе во своите редови.

Се вчитува...