Сити му се „истури“ на Сотон, како утеха за поразот од Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Сити се врати на победите во Премиер-лигата откако славеше над Саутемптон со … во натпревар кој е дел од 33. коло во Премиер-лигата. Поради згуснатиот распоред на „граѓаните“ кои се уште се во игра во сите натпреваруња од ФА одлучија овој меч да се одигра предвреме.

Кевин де Бруин во 15. минута донесе водство за „граѓаните“ од 1-0. Гостите преку Вард Проуз во 25. израмнија на 1-1, а до полувремето со головите на Марез и Гиндоган избраниците на Пеп Гвардиола заминаа со предност од 3-1.

Во вториот дел Марез зголеми на 4-1, по што следуваше гол на Адамс за 4-2, а конечните 5-2 ги постави Кевин де Бруин во 59. минута со својот втор гол на мечот.

 

 

 

 

 

Се вчитува...