Сити не сака да ја нарушува хармонијата: Мбапе со сигурност нема да биде „граѓанин“

Еден од најдобрите светски фудбалери Килијан Мбапе со сигурност кариерата нема да ја продолжи во Манчестер сити, откако управата на „граѓаните“ реши дека овој тим може да продолжи да доминира и без помошта на еден од најдобрите голгетери на денешницата.

Мбапе се поврзува со голем број клубови, а Англија многумина ја гледаат како прва дестинација за Французинот. Гвардиола бара замена за Агуеро, подготвен да плати за Мбапе и огромни 200 милиони евра. Но, проблем е платата. Младиот напаѓач бара 36 милиони евра по сезона, што според „граѓаните“ може да создаде незадоволство кај остатокот од тимот.

„Сити нема да го донесе Мбапе, затоа што нема да ја менува клупската политика играчите да се преплаќаат или да се плаќаат многу повеќе од остатокот на екипата. Платата на Мбапе би ја нарушила хармонијата во соблекувалната. Тоа би предизвикало реакција кај останатите“ – ги пренесуваат англиските медиуми ставовите на раководството на Сити.

Се вчитува...