Сити со три гола во вториот дел го реши Саутемптон… (видео)

Манчестер сити се врати на третата позиција на табелата во Премиер лигата, откако во 32. коло славеше со 0-3 на гостувањето против Саутемптон.

„Граѓаните“ триумфот си го обезбедија во второто полувреме, кога беа постигнати сите три погодоци. Најпрво погоди Компани во 55. минута. Сане во 78. минута зголеми на 0-2, а Агуеро во 80. минута ги постави конечните 0-3.

Sergio Aguero Goal HD – Southampton 0-3… by eurofootballhd1

Со најновите три бода, Манчестер сити сега со 64 бода повторно се проби на третото место пред Ливерпул кој има 63 бода. Водечки е Челси со 75 бода, пред Тотнехем кој има 71 бод.

Се вчитува...