Сити тргна застрашувачки, Реиндерс е наследникот на Де Бруине

Манчестер Сити моќно ја стартуваше новата премиерлигашка сезона откако „граѓаните“ триумфираа со убедливи 0-4 на гостувањето против Вулверхемптон. „Волците“ им создаваа огромни проблеми на фаворитите ланската сезона, но овојпат немаа одговор за супериорното издание на „пулените“ на Гвардиола кои заслужено се враќаат со цел плен назад во Манчестер.

Реиндерс дефинитивно ќе биде клучна фигура во средниот ред по одличното премиерлигашко деби на засилувањето од Милан. Холанѓанецот брилијантно ја почна акцијата при првиот гол што го постигна Халанд, а неколку минути подоцна Реиндерс и самиот се запиша меѓу стрелците, покажувајќи дека ќе биде доследен наследник на Кевин де Бруине во дресот на англискиот гигант.

Вулверхемптон немаше сили за камбек, а Сити не само што рутински ја задржа предноста, туку и успеа да постигне уште два погодоци, најпрвин преку Халанд, а потоа и преку „резервистот“ Шерки.

Се вчитува...