Сити во второто полувреме го „урна“ отпорот на Фулам (ВИДЕО)

Манчестер Сити продолжува да „гази“ кон освојување на нова титула во Премиер-лигата, откако вечерва во 28. коло славеше на гостувањето во Лондон кај Фулам од 0-3. „Граѓаните“ дури во второто полувреме успеаја да го урнат отпорот на домаќинот.

Прво, Стоунс во 47. минута донесе водство од 0-1. Во 56. минута Габриел Жезус зголеми на 0-2, а конечните 0-3 ги постави Кун Агуеро со гол од пенал три минути подоцна.

 

 

 

 

 

Се вчитува...