Скандал на УС Oпен – Првите носителки во двојки исфрлени од турнирот

Нова бура на УС Oпен е предизвикана со исфрлувањето на првите носителки во двојки Тимеа Бабош и Кристина Младеновиќ. Имено, Младеновиќ била во контакт со сонародникот Беноа Пер, кој беше позитивен на коронавирус.

Поради истиот случај проблем имаше и Адријан Манарино на кој сепак му беше дозволено да го игра својот меч во поединечна конкуренција. Во случајот со Младеновиќ и Бабош реагираше организаторот и донесе одлука тие да бидат исфрлени од турнирот. Одлуката е чудна бидејќи Младеновиќ по контактот со Пер веќе одигра два меча во сингл и еден во двојки.

 

Се вчитува...