Скандал во Грција: Уапсена тетката на Циципас, се трага по неговата мајка

Грчкиот портал „Прототема“ објави дека тетката на тенисерот Стефанос Циципас е уапсена, а полицијата трага по неговата мајка.

Имено, полицијата ја приведе тетката на Стефанос Циципас откако кучиња во сопственост на семејството нападнаа три лица во градот Вари. Според информациите, едно од кучињата е сопственост на мајката на Циципас, поради што и таа е опфатена со истрагата.

Полицијата поднесе пријава за нанесување телесни повреди поради невнимание, а инцидентот се случи рано утрото во четвртокот. Г-ѓа Т. К. од Грција, која била една од жртвите на овој напад, за порталот „Прототема“ изјави дека била нападната од две кучиња.

„Мојот вујко живее во Вари и ми кажа дека бил каснат од две кучиња што личеле на волци. Додека одев по улицата, видов две кучиња во далечината. Едно од нив почна да трча кон мене. Ме фати за раката, а потоа дојде и другото. Се обидов да останам смирена, но не можев. Ме соборија на земја и, за среќа, ме однесоа во медицински центар. Тешко ми ги изгризаа рацете“, изјави оваа жена.

Ова не е првпат кучињата на семејството на Стефанос Циципас да напаѓаат луѓе. Според „Прототема“, сличен инцидент се случил во мај 2025 година, кога бил нападнат 71-годишен маж, кој подоцна бил пренесен во болница. Исто така, во 2023 година, едно од кучињата прескокнало преку оградата и нападнало 13-годишно дете.

Се вчитува...