Скандал во Италија – На Лацио му се заканува исфрлување од Серија А?!

Лацио вечерва му гостува на Зенит Санкт Петербург во третото коло од Лигата на шампионите. Фудбалерите на римскиот клуб вчера пристигнаа во Русија, а во авионот не беа Чиро Имобиле, Лукас Леива и Томас Страхоша.

УЕФА им забрани на овие фудбалери да патуваат во Русија, а тие не беа дел од тимот ниту минатата недела против Клуб Бриж. Сепак, во центарот на вниманието се Имобиле, Леива и Страхоша кои беа дел од мечот во Серија А против Торино.

Имобиле на натпреварот влезе во второто полувреме и затоа се мислеше деке е негативен и ќе може да игра и во Лигата на шампионите. Сепак, УЕФА го забрани неговото патување велејќи дека се уште не се сигурни дека тој ја победил болеста, а сето тоа предизвика голем скандал во Италија. Римскиот клуб би можел жестоко да биде казнет. Целиот случај се истражува и веќе е јасно дека Лацио е обвинет за кршење на ковид-протоколите.

Доколку се докаже дека тие навистина ги прекршиле протоколите и дури и ги лажирале тестовите тогаш клубот ќе биде жестоко казнет. На Лацио му се заканува дури и исфрлување од Серија А доколку сето тоа се докаже.

Се вчитува...