Скандал во Шведска: Ракометарите „пијанчеле“ до рано наутро, па доживеаја бламажа против Португалија

Ракометарите на Шведска синоќа во Малме доживеаја вистинска бламажа против Португалија на стартот од втората фаза на Европското првенство 2020. Португалците ги декласираа победувајќи со 35-25.

Шведските медиуми денеска сериозно ги нападнаа своите ракометари, притоа откривајќи дека пред мечот се случил и голем скандал во кој учествувале четворица шведски ракометари, капитенот Готфридсон, Андреас Нилсон, Лукас Нилсон и Ким Екдал Ду Реиц.

Четворицата ноќта пред натпреварот одлучиле малку да се опуштат, притоа „пијанчејќи“ до утринските часови. Шведските медиуми пренесуваат дека за сето тоа немале дозвола од селекторот, а во хотелот се вратиле видно пијани.

Сето тоа кулминираше со бламажата против Португалците, а капитенот Готфридсон по мечот и се извини. Селекторот Кристијан Андерсон истакна дека целата несакана ситуација е решена, и сега се концентрираат на следните натпреварот. Но, со поразот од Португалија шансата за медал е речиси завршена.

Се вчитува...