Скандал во Црна Гора: Намерно се тргна за противникот да постигне гол (видео)

Црногорскиот фудбал донесе нов скандал по сомнежот за местење на натпреварот меѓу Младост и Дечиќ што заврши со победа на гостите од 0-3.

Спорен е првиот гол на гостинскиот состав, но не поради некако судиски превид туку поради неверојатното однесување на домашниот дефанзивец Звонко Цекиќ. Имено, Бојан Матиќ се најде во добра позиција на десетина метри од противничкиот гол, но Цекиќ беше во ситуација да го блокира.

Наместо тоа, дефанзивецот на Младост намерно се тргна, скокајќи на страна за да му овозможи на Матиќ рутински да ја смести топката во мрежата за водство на гостите.

Се вчитува...