СКАНДАЛОЗНО: Хаос во Прага – Општа тепачка меѓу играчите на Спарта и Галатасарај (ВИДЕО)

Неславно заврши синоќешниот натпревар меѓу Спарта Прага и Галатасарај во 1/16-финалето од Лигата на Европа, на кој Чесите славеа со убедливи 4-1 и се пласираа во осминафиналето.

Одличен меч на терен, но се остана во сенка на насилството кое се случи по крајот на натпреварот.

Тензиите кои владееја и за време на дуелот, ескалираа во вистински судир по последниот судиски свиреж. Од таборот на Галатасарај очигледно не можеа да се помират со елиминацијата, па очигледно испровоцирани од големото славје на домашните се впуштија во пресметка со противничките играчи.

Во судирот се вклучија сите фудбалери на двата тима, но и членовите на стручните штабови.

Се вчитува...