Скандинавски спектакл со неверојатниот Халанд во Лигата на нации

Скандинавски спектакл во 4. коло од Лигата Б во Лигата на нации меѓу Норвешка и Шведска во кој Норвежаните славеа со 3-2 на крилјата на Ерлинг Халанд.

Неверојатниот Халанд постигна два гола во 10. и во 54. минута, додека во 77. минута асистираше на Сорлот за третиот гол на Норвешка.

Првиот гол за Шведска беше дело на Форсберг во 63. минута, а вториот на Гјокерс во четвртата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...