Чешката скијачка Тереза Нова, која доживеа сериозен пад во јануари додека тренираше за спуст во Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен, е разбудена од индуцирана кома. Нејзините лекари во Германија најавија дека Нова ќе биде однесена во Чешка.
Нова (27) на 24 јануари доживеа пад и од патеката беше однесена директно во клиниката во Мурнау, каде и беше констатирана тешка траума на главата со крварење, оштетување на каротидната артерија и скршеница на очниот отвор.
Поради природата на повредите, лекарите морале да ја стават во индуцирана кома. По две недели, лекарите на одделот за интензивна нега почнаа постепено да ја одвикнуваат скијачката од нејзиниот седатив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА