Скијачот што го насмеа светот: По грешка заврши во затвор, ама стигна на СП…

Адриан Солано (22) од Венецуела веројатно е најлошиот скијач што настапил на едно Светско првенство, но неговиот настап дефинитивно е апсолутен хит, а неговата насмевка кога поминува низ целта по борбата со скиите и со негот, вреди повеќе од медал.

Тој неодамна научил да скија, ако тоа и воопшто може да се нарече скијање во конкуренција на професионалците што настапуваат на СП, сепак,  спортистот од Венецуела  даде се од себе да ја претстави својата татковина и себе на светската скијачка сцена. Во трката на 10 км.на СП во Финска, успеа да одработи само половина, се лизна уште на стартот, паѓаше, се сопнуваше на скиите, но тоа тоа не го спречи на крај да помине низ целта со широка насмевка на лицето.

solano9

Снимката со неговата необична трка на Светското првенство за еден ден стана хит на интернет. Необичен и уште подраматичен е и патот на Солано од Венецуела до финскиот Лахти.

solano 8

Тој на средината на јануари тргнал од Венецуела за Шведска за да може во друштво со искусните скијачки тркачи да се подготви за најважното натпреварување во неговиот живот. И тогаш почнуваат непланирани проблеми за Солано. За Шведска тој оди преку Франција, а таму на сцена стапува француската полиција која го сомничи дека е терорист и Солано наместо на подготовки за СП во Шведска, завршува во затвор во Франција.

solano 6

Се обидов да им објаснам дека патувам во Шведска за да тренирам за Светското првенство, но не ми веруваа дека се занимавам со скијање во Венецуела. Им објаснував дека тренирам на скии со тркалциња. Со мене имав само 28 евра, а полицијата ме обвини дека се обидувам да влезам во Европа поради тешката финансиска состојба во мојата татковина. Залудно се обидувам да им објаснам дека тоа не е вистина. Ме испратија во затвор под сомнение дека сум терорист, шверцер и економски емигрант. Потоа следуваше депортација назад во Венецуела. А, до СП остана само еден месец. Ме дискриминираа само поради мојата облека, изгледот и бојата на кожата. Морав да се вратам и така изгубив еден месец тренинг“ – со тага раскажува Адриан Солано.

solano 1

И не само што останал без тренинг на вистински снег, туку Адриан на крај едвај стигнал до Финска пред почетокот на СП. По враќањето во Венецуела, сојузот немал пари повторно да му плати авионска карта за Финска. Цената била за нив огромни 4.000 евра. Но, приказната за маките на скијачот од Венецуела стигнала до Финска. Хумани луѓе преку социјалните мрежи собрале пари за да може Адриан Солано да допатува на Светското првенство.

solano777

Овој пат скијачот од Венецуела  ја избегнал Фрајција, а во Лахти стигнал во последен момент, само неколку часа пред почетокот на трката. И ништо не можело да го спречи да го оствари својот сон и на светот да му ја покаже вистинската вредност на спортот. Паѓаше и повторно стануваше, застануваше и повторно продолжуваше се до целта. Беше далеку зад најдобрите, го насмеа светот со својата трка, но на крај Адриан Солано низ целта мина со насмевка на победник.

Се вчитува...