Скок од 14 места за Лина Ѓорческа на новиот ВТА ранкинг

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа скок од 14 места на последниот ВТА ранкинг. 29-годишничката сега е на 225 место што е нејзиниот втор најдобар ранкинг за 2024 година. Магдалена Стоилковска пак ја завзема 1125. позиција.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој паузира поради тешка повреда забележа пад на новиот АТП ранкинг. Во моментот тој ја завзема 381. позиција што е пад од 15 места во однос на претходнта седмица.

Пад од седум места забележа и Горазд Србљак кој е на 1077. позиција, додека за две места напредна Обрад Марковски кој во моментот ја завзема 1597. позиција.

Се вчитува...