Пол Сколс упати остра критика кон фудбалерите на Арсенал кои се во „пол-позиција“ за освојување на шампионската титула со предност од четири бода пред ривалите Манчестер Сити и Астон Вила.
Легендата на Манчестер Јунајтед не е импресиран од напаѓачите на „топчиите“ велејќи дека потфрлиле во сезоната.
„Ако Арсенал ја освои Премиерлигата, тоа може да биде најлошио тим кој станал шампион. Ако бирате тим на сезона и ја правите напаѓачката четврока, ниту еден фудбалер од Арсенал не би имал место во тимот.
Погледнете ги минатогодишните шампиони. Напаѓачите на Ливерпул беа фантастични. Тука единствен кандидат може да биде Сака, но мислам дека и тој не беше добар. Не постигна многу голови оваа сезона, а нема ни многу асистенции“, изјави Сколс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

